Организаторите на „Ролан Гарос“ нема да воведат кодекс на облекување по униформата на Серена Вилијамс

Од:

Директорот на тенискиот Грен слем „Ролан Гарос“ Ги Форже соопшти дека организаторите на турнирот нема да воведат кодекс на облекување по необичниот костим на Американката Серена Вилијамс за време на минатогодишното издание.

– Денес, производителите почнуваат да ни презентираат облека во разни бои кои ќе ги носат играчите. Ние немаме намера да забраниме ништо, рекол Форже во изваја за „Европа 1“.

Претходно, претседателот на Француската тениска федерација, Бернард Гидичели рече дека организаторите ќе воведат построг кодекс за облекување и нагласи дека нема да дозволат костим како оној во кој Вилијамс ја одиграл таа година.

Американската тенисерка лани настапи во црн костим цврсто прилепен до телото предизвикувајќи многу реакции во јавноста.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ