Ордени „8 Септември“ за четворицата македонски освојувачи на медали од олимписки и параолимписки игри

Од:

Претседателот Стево Пендаровски утре (четврток, 8 септември 2022 година) по повод Денот на независноста на Република Северна Македонија, 8 Септември, на свечена церемонија ќе одликува со Орден „8 Септември“ четворица македонски спортисти.

Со Орден „8 септември“ ќе бидат одликувани:

·Оливера Наковска-Бикова, за својата извонредна, богата и успешна спортска кариера во параолимпиското и во спортското стрелаштво. Наковска-Бикова постигнува бројни успеси на натпревари во стрелачки спортови. Таа е повеќекратна државна шампионка и апсолутна рекордерка на Република Северна Македонија во дисциплината воздушен пиштол. Во оваа дисциплина го освојува златниот медал на Летните параолимписки игри во Лондон, со што придонесе за меѓународна афирмација и за угледот на државата.

·Бранимир Јовановски, за извонредните резултати во својата 20-годишна спортска кариера. Тој е првиот македонски параолимпиец кој освоил златен медал на една параолимпијада. Во текот на својата кариера, покрај златниот параолимписки медал, освоил и други сребрени, златни и бронзени медали на разни европски првенства и на меѓународни натпревари. Значаен е неговиот огромен успех како тренер и како селектор, а избран е и за најдобар тренер на македонската репрезентација во стрелаштво за лица со попреченост. Неговиот придонес за меѓународна афирмација и за угледот на државата е огромен.

·Шабан Трстена, за освојувањето златен медал во борење на Летните олимписки игри во 1984 година, запишувајќи се со златни букви во историјата на македонскиот и на светскиот спорт како најмлад олимписки шампион, како и за освојувањето на сребрениот медал на Олимпијадата во Сеул во 1988 година и на бронзениот медал на Светскиот шампионат во борење во 1982 година. Трстена е повеќекратен младински и сениорски првак на Југославија. Тој е прогласен за спортист на XX век на Република Северна Македонија. Шабан Трстена е пример како со извонреден успех може да се стане симбол на својата земја и на таков начин да се придонесе за нејзина меѓународна афирмација.

·Дејан Георгиевски, за постигнување историски најголем и повеќекратен успех во сферата на спортот од независноста на нашата држава. Со освојувањето на сребрениот медал на Олимписките игри во Токио во теквондо, е прогласен за најдобар спортист на Република Северна Македонија за 2021 година. Воедно, тој е добитник и на неколку сребрени и бронзени медали, со што придонесува за меѓународна афирмација и за угледот на државата.

Би можело да ве интересира

Пендаровски: Повикот на ВМРО-ДПМНЕ за наводно национално единство е уште еден показател за слабост во таа партија

Пендаровски: Апелирам до ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да не се крева реториката на меѓунационална основа

Пендаровски: Ги знам нивните лажни анкети, ги знам и реалните анкети и реално ви кажувам дека на 8 мај победуваме!

Орце Костов

(ВИДЕО) Пендаровски: Мицкоски пред некој ден повика на формирање на семакедонски патриотски фронт, исто како во времето на режимот

Орце Костов

(ВИДЕО) Пендаровски: Мицкоски и Силјановска пред странските дипломати велат дека ќе го сменат Уставот, а народот го лажат дека нема да прават промени

Орце Костов

Димитриеска Кочоска: Во недостаток на понуда, Пендаровски шири лаги, го демантирам и тврдам дека сметката на ВМРО-ДПМНЕ никогаш не била блокирана