Општина Кичево со признание за младиот боксер Беќир Лимани

Од:

Младиот боксер Беќир Лимани добие признание за Заслужни граѓани од страна на Општина Кичево за големиот успех што го оствари на Државното индивидуално првенство во бокс за кадети во категорија до 57 килограми во Скопје.

– Општина Кичево доделува награди за физички и правни лица од општината како признание за особени постигнувања во стопанството, науката, уметноста, културата, спортот, воспитувањето и образованието и други области. На овој начин, општината сака да ги награди оние кои придонеле за развојот и афирмацијата на Општина Кичево во земјата и светот рече градоначалникот Фатмир Дехари кој денеска го прими државниот првак во бокс Беќир Лимани и му додели плакета за Заслужен граѓанин на Општина Кичево.

Лимани е првиот боксер од Кичево што успеа да стане државен првак . Младиот спортист е роден на шести април 2004 година во Кичево. Почетоците со боксот му биле токму во клубот Ускана, а потоа го облече дресот на Шкендија но лимит од Тетово од каде стана и државен шампион, инаку Лимани е редовен ученик при ДСУ” Дрита” во Кичево.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Дали Холовеј го постигна најголемиот нокаут на сите времиња?

Предраг Петровиќ

ВИДЕО:Телевизиски водител за прв пат влезе во рингот против професионалец, не издржа ни една минута

Предраг Петровиќ

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Шампионот на Европа по тепачката вади пиштол и пука по луѓе

Предраг Петровиќ

Поранешниот олимпиец ја убил девојката и ја фрлил од надвозник, и вбризгал седатив за коњи

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Олександр Усик ја одбрани светската титула во тешка категорија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Боксот има нов „крал“: Крафорд испиша историја