Опел потсетува на своите перјаници во последните 80 години

Од:

На изложбата на Техно Класик, што на почетокот на април ќе се одржи во Есен во Германија, Опел ќе ги изложи своите репрезентативни модели кои во свое време беа на врвот на понудата на германскиот автомобилски производител.

Под мотото „Перјаницата на Опел” германската автомобилска компанија на публиката во Есен ќе ги изложи своите најрепрезентативни модели на автомобили од времето на Втората светска војна, па се до денес, објави Кликс.

Први во низата на перјаниците на Опел се моделите Супер 6 и Адмирал кои премиерно биле претставени во 1937 година. Ги покренувал мотор со шест цилиндри кои во моделот Супер 6 од 2,5 литарска работна зафатнина нудел 55 КС, а во силното 3,6 литарско издание кое Опел го понудил со Адмирал мотор, располагал со 75 КС.

Првата генерација на моделот Капитен кој го зазел местото на моделот Адмирал, се произведувала од 1938 до 1940 година, а само по три години по крајот на најголемата војна во историјата на човештвото, Опел во 1948 година ја претставил втората генерација на моделот Капитен кој во комбинација со 6-цилиндричен бензински мотор долго бил еден од најпродаваните автомобили во Германија.

Покрај тоа, Капитен бил многу баран автомобил и надвор од границите на Германија, каде во 50-тите и почетокот на 60-тите години завршувале со дури 60 отсто од неговото вкупно производство.

Во 60-тите години најголеми и најлуксузни модели на Опел биле Капитен, Адмирал и Дипломат. Со моделот Дипломат, Опел првпат понудил 4,6-литарски V8 мотор зад кој стои Шевролет, а во стандардната опрема со наведениот мотор кој развивал 190 КС е автоматскиот менувач.

Во 1965 година V8 бил во опциска понуда и за моделите Капитен и Адмирал, кои во раната фаза стандардно ги покренувал 2,6-литарски 6-цилиндричен мотор со 100 КС, а најмоќниот Дипломат во меѓувреме добил 5,4-литарски V8 мотор со 230 КС.

По 40 години од претставувањето на првиот Адмирал на сцена стигна Опел Сенатор, а тогаш луксузниот троволуменски автомобил речиси доби и своја Купе верзија Монза.

Наведените модели биле први автомобили на Опел кои добиле независна задна осовина, а многумина тврдат дека Сенатор (од првата генерација) и Монца спаѓаат меѓу најдобрите автомобили на Опел на сите времиња.

По 40 години од премиерното претставување на Сенатор, Опел ја претстави втората генерација на моделот Инсигнија, која во овој момент претставува актуелна перјаница на германската автомобилска компанија која по 88 години под закрила на американскиот автомобилски концерн Генерал Моторс, сега е во сопственост на француската автомобилска групација PSA.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска