Олимпијадата во Бризбејн ќе чини пет милијарди австралиски долари

Од:

Трошоците за организација на Олимписките игри 2032 година во Бризбејн веројатно ќе ја надминат проценката од пет милијарди австралиски долари (3.72 американски долари), соопшти денеска министерот за спорт Ричард Колбек.

Сојузната Влада вети дека ќе покрие третина од трошоците за третите Летни олимписки игри што ќе се одржат во Австралија, а најголем дел од трошоците ќе бидат за обнова на крикет-стадионот „Габа“, што ќе чини милијарда долари.

На овој стадионот ќе бидат одржани церемониите на отворање и затворање на игрите, како и натпреварувањата во атлетика.

– Тоа веројатно ќе биде нешто повеќе од пет милијарди долари со оглед на патната инфраструктура и инфраструктурата на Игрите, изјави Колбек за радиото „4BC“.

Би можело да ве интересира

Кина очекува успешни зимски Игри и покрај стравот од омикрон

Ана Ололовска

Вашингтон пост: САД подготвуваат дипломатски бојкот на зимската Олимпијада во Пекинг

А1он

Кинеската хокеарска репрезентација нема да биде отстранета од Олимпијадата во Пекинг

А1он

ОИ 2024: Свеченото отворање во центарот на Париз место на стадион

Ана Ололовска

Организаторите на Олимпијадата во Пекинг 2022 година ќе ги дисквалификуваат спортистите поради кршење антиковид мерки

А1он

Олимпиското село Пекинг 2022 ќе биде отворено на 27 јануари

Ана Ололовска