Оклахома поведе со 2-0 против Лејкерс

Од:

Фуриозениот финиш и донесе нова победа на Оклахома над Лејкерси со 77:75 за водство од 2:0 во серојата подобар од седум. Две минути пред крајот составот од Л.А. имаше предност од седум поени 75:68, но до крајот ниту еднаш не успеа да реализира а Кевин Дурант беше човекот на одлука кај домаќините.

Играчот уфрли пет од вкуно деветте поени за својот тим во последните 120 секунди завршувајќи како најдобар играч на паркетот со 22 коша. Кај Лејкерси по 20 поени уфрлија Бајнам и Брајант.

Во Филаделфија, Бостон го врати брејкот со 107:91 за водство од 2:1 во полуфиналната серија на Истокот. Ако победникот во првите два меча беше решен за еден поен сега Селтикси беа убедливи благодарение на триото Гарнет, Пирс, Рондо кои заедно уфрлија 74 поени на кои Гарнет додаде и 13 скокови а Рондо 14 асистенции.

Наредните дуели во двете серии се играт ноќта меѓу петок и сабота.

Би можело да ве интересира

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа