Огромно внимание привлече објавата на Роналдо со провокативен детал за Манчестер Јунајтед

Од:

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо и официјално го напушти Манчестер Јунајтед откако на заеднички договор го раскина договорот со тимот од Олд Трафорд, а непосредно пред официјалното соопштение, Португалецот на социјалните мрежи објави фотографија од нов часовник, која потоа привлече големо внимание.

Одлуката за раскинување на соработката беше донесена набргу по неговото интервју со Пирс Морган во кое тој жестоко го критикуваше клубот, а пред официјалната одлука Роналдо го објави својот нов часовник на Инстаграм, во чија внатрешна страна беше прикажан детал кога во дрес на Реал Мадрид постигна гол против Манчестер Јунајтед.

Набргу потоа беше објавено дека тој и Манчестер Јунајтед се разделуваат, а многумина потегот на Роналдо го протолкуваа како многу провокативен.

„По разговорите со Манчестер Јунајтед, заеднички се договоривме да го раскинеме договорот. Го сакам Манчестер Јунајтед и ги сакам навивачите, тоа никогаш нема да се промени. Чувствувам дека е вистинско време да барам нов предизвик. Му посакувам се најдобро на Манчестер Јунајтед“, скромно напиша Роналдо по раскинувањето со „црвените ѓаволи“.

Би можело да ве интересира

Словенецот кој го бакна Роналдо сред терен ќе мора да плати 1000 евра

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Роналдо нема мир во Љубљана: Навивач истрча на терен да направи селфи

Горан Наумовски

Навивач сакал да го удри Роналдо, реагирало обезбедувањето

Роналдо им се извини на Саудијците откако се фаќаше за меѓуножјето

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Роналдо им одговори со вулгарен гест на Саудијците кои извикуваа „Меси, Меси“

Предраг Петровиќ

Ирански весник ја цензурираше сопругата на Роналдо- и го „срамни“ задникот