Официјално: Реал Мадрид го отстапи „јапонскиот Меси“

Од:

Раководството на Реал Мадрид и официјално го објави излезниот трансфер на едно од новите засилувања – Такефуса Кубо. 18-годишниот офанзивен фудбалер, кој потпиша со „белиот балет“ ова лето, ќе игра на заем во Мајорка до крајот на кампањата.

Веќе некое време беше јасно дека Реал Мадрид бара соодветна дестинација каде може да го испрати Кубо со идеја дека младиот човек ќе се навикне на многу поразличното темпо на шпанскиот фудбал и ќе добие поредовни шанси за изразување. Талентот, поради кој многумина го нарекуваат „јапонски Меси“, ги помина летните подготовки со „кралскиот“ и тоа му даде на менторот Зинедин Зидан шанса да се запознае со неговите квалитети од прва рака.

Французинот смета дека Кубо не би можел да игра значајна улога во неговиот сегашен состав, а исто така е свесен за потребата на младиот човек да стекне искуство на европско тло.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска