Официјално потврдено: Коби Брајант загина во хеликоптерската несреќа во Калифорнија

Од:

Легендарниот поранешен кошаркар во НБА, Коби Брајант, загина денеска во хеликоптерска несреќа во Калифорнија, потврдија официјални лица. Во хеликоптерската несреќа во Калабасас, Калифорнија загина и неговата 13-годишна ќерка Џана.

„Брајант беше меѓу патниците што патуваа на со хеликоптер денеска. Пет лица се загинати, нема преживеани во хеликоптерска несреќа во Калабасас“, соопшти Одделот на шерифот на округот Лос Анџелес на Твитер. Истрагата е во тек.

Брајант е роден 1978 година во Филаделфија, а целата кариера играше за Лос Анџелес Лејкерс од 1996 до 2016 година, освојувајќи пет титули во НБА.

Беше двапати најкорисен играч на финалето во НБА, еднаш МВП од регуларната сезона, 18 пати учествуваше во „Ол-стар“, победи на натпревар за забивање, двапати беше најдобар стрелец на лигата.

Би можело да ве интересира

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа