Официјално: Фабрегас е фудбалер на Монако

Еден од најочекуваните договори за време на зимскиот прозорец беше официјализиран. Цеск Фабрегас веќе е играч на Монако откако премина во клубот од Азурниот брег во Челзи и потпиша договор до 2022 година. Во тимот од Кнежеството, Фабрегас ќе игра под водство на Тиери Хенри, со кого играше во Арсенал од 2003 до 2011 година и кого го наследи како капитен на „топџиите“.

– Вистинско задоволство е да бидам тука. Ќе играм заедно со квалитетни млади играчи и млад тренер. Јас сум возбуден и не можам да чекам да започнам. Ќе имаме одличен натпревар со Марсеј во недела и сакам да бидам максимално корисен за клубот, беа првите зборови на Цеск.

Заменик-претседателот на Монако, Вадим Василиев беше пресреќен од привлекувањето на Шпанецот.

– Тој е играч од светска класа и докажан професионалец, а со неговото привлекување ја покажуваме амбицијата на нашиот тим. Ние веруваме дека неговото непроценливо искуство од високо ниво ќе биде од корист за другите играчи на теренот и пошироко, смета Василиев.

Во својата кариера досега, Фабрегас има 350 натпревари во Премиер Лига (212 за Арсенал и 138 за Челзи) и 96 за Барселона во Ла Лига. Со репрезентацијата на Шпанија има одиграно 110 натпревари и постигнато 15 гола, откако тој освои две европски и една светска титула, а на клубско ниво има две титули на Англија, една на Шпанија, два трофеи во ФА Купот, како и триумфи во Кралскиот Куп, Супер Купот на Шпанија, Суперкупот на УЕФА и Светското клубско првенство.

Би можело да ве интересира

Конфликт помеѓу Нејмар и ПСЖ настанал по повредата во јануари

Ана Ололовска

Леонардо: Немаме понуда за Нејмар

Нејмар во Јуве во замена за Дибала

Тухел ја потврди желбата на Нејмар да го напушти ПСЖ

Ана Ололовска

ПСЖ му соопшти на Нејмар под кои услови ќе го продаде

Ана Ололовска

ПСЖ го сака Диало од Дортмунд