Официјално: Барса купи напаѓач од Јапонија

Од:

Кашима Антлерс официјално го потврди трансферот на напаѓачот Хироки Абе во Барселона. 20-годишниот фудбалер е еден од најголемите таленти на јапонскиот фудбал и стана вториот по Такефуса Кубо (Реал Мадрид), кој ова лето премина во еден од гигантите на Ла Лига.

Абе направи деби во сениорскиот фудбал во 2017 година, а минатата сезона триумфираше со трофејот од Азиската шампионска лига.

Минатиот месец фудбалерот запиша и прв натпревар за јапонскиот национален тим за време на учеството во Копа Америка.

Минатата кампања Абе ја освои наградата за најдобар дебитант во Џеј-лигата. Се верува дека, барем во почетокот, тој ќе игра во вториот тим на Барселона.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска