Одржано првото државно првенство во пинг понг за 2022 година

Од:

Овој викенд се одржаа првото Државно Првенство за оваа 2022 година и тоа во категорија кадети/ки помлади од 15 години. Првенството се одржа на 6 март во Струмица, а учество земаа околу 40 играчи.

Кај момчињата во тесна борба победи Лука Стојчев член на екипата ППК Шампион Фа од Штип.

1. Лука Стојчев – ППК Шампион Фа
2. Александар Јакимовски – ППК Крива Паланка
3. Андреј Стојановски – ППК Крива Паланка и Лука Дворник – ППК Рисови

Кај девојките изненади малата Фани Јовановска од ППК Крушево која со само 13 години го освои ова државно првенство.

1. Фани Јовановска – ППК Крушево
2. Изабела Ковачовска – ППК Берово
3. Моника Стајковска – ППК Берово и Матеја Смолиќ – ППК Рисови

На 5 март, исто во Струмица се одржа и првиот Телеком Мастерс бодовен турнир во конкуренција сениори/ки помлади од 21 година.

Победници на овој турнир се:

Мажи
1. Дамјан Стојчев – ППК Шампион Фа
2. Александар Јакимовски- ППК Крива Паланка
3. Теодор Волкановски – ППК Крушево и Лука Стојчев – ППК Шампион Фа

Жени:
1. Ана Стојановска – ППК Крива Паланка
2. Изабела Ковачовска – ППК Берово
3. Васе Богоеска – ППК Крушево и Софија Хасану – ППК Крушево

Би можело да ве интересира

Заврши Меѓународниот турнир во пинг-понг Зегин Опен 2023

Меѓународната пинг-понг федерација ќе сертифицира 12 македонски тренери, ниво 2

Станојковски и Николов ги одбранија титулите Државен првак во пинг понг

Ана Ололовска

Втор меѓународен меморијален турнир Илија Карески

Ана Ололовска

Отворени меѓународните турнири во пинг -понг и голбал за спортисти со телесен инвалидитет и лица со оштетен вид

Ана Ололовска

Одиграни 4 кола од регуларниот есенски дел од пингпонгарската Супер лига – мажи и Прва лига мажи

Ана Ололовска