Здружението на професионалните фудбалери ги номинираше најдобрите играчи за оваа сезона во Премиер лигата.
Лидерот на табелата Ливерпул има тројца свои првотимци: Стивен Џерард, Даниел Стариџ и Луис Суарез, додека листата ја комплетираат Јаја Туре (Манчестер Сити), Еден Азар (Челзи) и Адам Лалана (Саутемптон).
Во конкуренција за најдобар млад играч се наоѓаат Стариџ (Ливерпул) и Азар (Челзи), кои имаат практично две номинации во две категории, а покрај нив се уште: Рахим Стерлинг (Ливерпул), Арон Ремзи (Арсенал), Рос Баркли (Евертон) и Лук Шоу (Саутемптон).
Од „шесторката“ номинирани за играч на сезоната само Џерард ја има добиено наградата (сезона 2005/06), додека лани ова признание му припадна на Герет Бејл како играч на Тотенхем, а потоа во летниот преоден рок мина во Реал Мадрид.