Одреден притвор на три лица за местење на фудбалски натпревари во Чешка

Од:

Чешкиот надлежен суд, денеска одреди притвор за тројца од 12-те осомничени лица за лажирање на фудбалски натпревари, соопшти портпаролката на полицијата, Ивана Јежкова без да ги наведе конкретните причини.

Како што јави дописникот на МИА од Прага, според Обвинителството можно е бројот на притворени да се зголеми.

По објавувањето на аферата со местење на натпревари, чешкото специјално Одделение за борба против корупцијата вчера приведе 12 поранешни и актуелни фудбалери, а 20 други беа сослушани под сомнение дека се обложувале на натпревари на чии резултати можеле да влијаат.

Полицијата во Прага, соработувала со словачките колеги кои исто така веќе обвинија седум лица за вмешаност во скандал со местење на фудбалски натпревари од Прва и други лиги.

Официјално, имињата на осомничените не се објавуваат.

Според достапните информации, групата која се занимавала со незаконски активности во последната година влијаела на најмалку 19 фудбалски натпревари во Чешка и Словачка.

Обложувањето на лажираните натпревари најчесто се вршеле на странски интернет обложувалници и тоа најчесто на оние од Азија.

Би можело да ве интересира

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Студентите на Универзитетот во Прага се обидоа да се сокријат од напаѓачот на покривот на зградата

Горан Наумовски