Одложено Редовното годишно Собрание на ФФМ

Од:

Фудбалската федерација на Македонија следејќи ги заклучоците, мерките, препораките и забраните на Владата на Република Северна Македонија поврзани со заштита и превенција од коронавирусот SARS-CoV-2, како и прогласувањето на пандемија од страна на Светската здравствена организација, донесе одлука за одложување на Редовното годишно Собрание на Фудбалската федерација на Македонија кое беше закажано за 21 март 2020 година, соопшти ФФМ преку својата веб-страница.

Јавноста и фудбалското семејство навремено ќе бидат известени за терминот за одржување на Редовното годишно Собрание кој дополнително ќе се утврди.

– Имајќи го в предвид пред се здравјете на фудбалерите, гледачите и сите други фудбалски актери, Фудбалската федерација на Македонија постојано ја следи ситуацијата со коронавирусот SARS-CoV-2и постапува согласно препораките на јавно – здравствените институции, информираат од ФФМ.

Би можело да ве интересира

ФФМ донесе одлука: Шкендија доби службена победа, а стадионот „Чаир“ доби суспензија

Шкупи и Шкендија нема да го доиграат натпреварот, одлуки ќе носи ФФМ

Катерина Ѓуровски

Обвинителството над две години истражува за сметководителката која со допишување нули извлекувала пари од ФФМ

Стартот на Втората фудбалска лига одложен за седум дена

Фудбалската лига во Македонија пропаѓа поради монополизација на пазарот

Горан Наумовски

Бод против Бугарија во Разград: Македонија беше подобра, но не победи

А1он