Одложен натпреварот на Македонската фудбалска репрезентација против Фарски Острови

Од:

Квалификацискиот натпревар меѓу Фарски Острови и Северна Македонија за репрезентации до 21 година е одложен поради замрзнат терен на стадионот „Торсвулур“ во Торшавн.

Дуелот од 5. коло од квалификациите за Европското првенство 2021 година требаше да се одигра попладнево од 18 часот, но условите на теренот не дозволуваат истиот да се одигра во предвидениот термин.

По состанокот меѓу делегатот на натпреварот, судиите и официјалните претставници на двете федерации потврдено е одложувањето на натпреварот, а пресметката меѓу двете селекции е презакажана за јуни, 2020 година.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска