Екипата на Оклахома Сити благодарение на одличниот финиш и серијата од 8:0 во последните 45 секунди дојде до третата победа во полуфиналето против ЛА Клиперс.
Гостите водеа со 104:97, но предводниците на Оклахома Сити Кевин Дјурант и Расел Вестбрук постигнаа 8 поени за триумф од 105:104. Вестбрук беше најефикасен со 38 поени, додека Дјурант заврши со 27.
Оклахома Сити сега води со 3-2 во серијата прв до четири победи.
Индијана не ја искористи првата шанса за пласман во финалето на „Исток“ откако дома беше убедливо совладана од Вашингтон со 102:79.
За Вашингтон ова е втора победа и намали на 3-2 во дибиени натпревари, а и двете победи ги постигна на гости. Марцин Гортат од Вашингтон имаше 31 поен и 16 скокови.
Вечерва се играат натпреварите: Мајами – Бруклин (3-1 во победи) и Сан Антонио – Портланд (3-1).