Светската одбојкарска федерација (ФИВБ) одлучи Европската лига да биде тест за воведување на нови правила во овој спорт.
Одборот истакна дека целта е правилата да се приближат до одбојката на песок. Така Европската лига оваа година ќе се игра според нов систем. Секој сет ќе трае 21 поен, освен 5-иот сет кој како и до сега ќе се игра до 15 поени.
За време на сетовите ќе има само еден технички тајм аут и тоа кога една од екипите ќе освои 12 поени.
Серверите ќе имаат време само 5 секунди наместо досегашните 8 за да извршат сервис.