Одбојкарките активни по пет години

Од:

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија од петок до недела во Херцег Нови ќе настапи на квалификации за Светското првенство што во 2014 година ќе се одржи во Италија. По пауза од пет години ова е прва активност на националната одбојкарска селкција за жени.

На денешната прес конференција селекторот Горан Јаневиќ истакна дека од последната акција на репрезентацијата ги имаме само Марија Петровиќ и Велика Сарајлиева.

– Кус беше периодот на подготовки само три дена, но ќе одиме да собираме искуство, додека во групата фаворит е Хрватска. Ние шанса за победа треба да бараме во дуел со домаќинот Црна Гора, рече Јаневиќ.

Капитенот во нашиот табор е единствената интернационалка Марија Петровиќ, која настапува во грчки Ораикастру.

– Ме радува што повторно оваа селекција е на собир по пауза од пет години. Станува збор за млада екипа, но мора да се мисли на иднината. Во секој случај, чест е да се биде во репрезентацијата, истакна Петровиќ.

В петок Македонија ќе игра против Хрватска, во сабота противник ни е домаќинот Црна Гора, а в недела ривал е селекцијата на Босна и Херцеговина. Одбојкарките вечерва заминуваат за Херцег Нови.

Би можело да ве интересира

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ