Одбојкарската федерација на Македонија денеска од Луксембург доби известување за третиот круг од квалификациите за Светското првенство што следната година ќе се одржи во Полска.
Македонија се наоѓа во групата Ј заедно со селекциите на Србија (организатор), Словенија и Португалија. Натпреварите ќе се играат во салата „Чаир“ во Ниш од 3 до 5-ти јануари 2014 година.
Пласман на Светското првенство во Полска ќе изборат првопласираните селекции од петте групи и најдобрата второпласирана репрезентација. Во групата И ќе играат: Чешка (домаќин), Бугарија, Холандија и Кипар. Во групата К се селекциите: Германија (домаќин), Турција, Естонија и Хрватска.
Во групата Л ќе играат: Франција (домаќин), Шпанија, Белгија и Беорусија. Словачка е домаќин на групата М, а каде ќе се натпреваруваат уште: Финска, Грција и Украина. Пласман на Светското првенство од Европа имаат дветепрвопласирани репрезентации од последното Европско првенство Русија (европски шампион) и Италија, додека Полска ќе настапи како домаќин. На шампионатот ќе играат 24 репрезентации.