Одбиена визата на Ѓоковиќ

Од:

По неколкудневна сага и одложување на одлуката, министерот за имиграција Алекс Хокс одби да му ја одобри визата и настапот на Новак Ѓоковиќ на Австралија Опен.

Хок ја искористи својата моќ на функцијата и ја поништи одлуката на судот.

Сепак, се уште постои можност за жалба.

Хок проговори и ја објасни одлуката.

„Го искористив моето овластување во Законот за имиграција за да ја поништам визата што ја имаше Новак Ѓоковиќ. Поради здравствени причини и добар ред, се во јавен интерес. Оваа одлука уследи по наредбата на Федералниот и Окружниот суд, од 10 јануари да ја поништи претходната одлука за укинување на визите. За време на оваа одлука, внимателно ги разгледав сите информации од Министерството за внатрешни работи, австралиските гранични сили. Владата на Морисон е цврсто посветена на заштитата на границите на Австралија, особено за време на пандемија“, објасни Хок.

Сега останува на Ѓоковиќ да поднесе жалба и да „купи време“.

Би можело да ве интересира

Новак не победува на турнири, а предноста ја зголемува на АТП листата

Предраг Петровиќ

Ѓоковиќ му даде предност на Алкараз

Познато зошто Новак му откажа соработка на Иванишевиќ

Предраг Петровиќ

Хрватски медиуми: Иванишевиќ мораше да оди во Америка за да му биде врачен отказот

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Новак се мачеше со Вукиќ, но победи во Калифорнија по пет години

Предраг Петровиќ

Алкараз: Синер може да го победи Ѓоковиќ