Одбележување 46 години од формирањето на првиот кошаркарски клуб во Кавадарци

Од:

Во Кавадарци денеска се одбележуваат 46 години од формирањето на првиот кошаркарски клуб во градот.

– Иако во Кавадарци првпат почнало да се игра кошарка во далечната 1959 година, кога по иницијатива на наставникот Димо Димовски бил формиран кошаркарскиот клуб „Партизан“, тим кој во своето неколкугодишно постоење не забележал некој позабележителни резултати, во 1969 година се формирал кошаркарскиот клуб „Тиквеш”, кој и официјално постоел од 11 јануари 1970 година, вели историчарот Петре Камчевски.

Прв тренер на кошаркарскиот клуб „Тиквеш“ бил професор Живко Клинчаров.

– Најголемиот успех, кошаркарите на КК „Тиквеш“ го постигнале во натпреварувачката 1984/85 година,  кога го освоиле првото место во Македонската кошаркарска лига, нагласува Камчевски, кој е директор на кавадаречкиот музеј.

Една година по осамостојувањето на Република Македонија, во 1992 година, кошаркарскиот клуб “Тиквеш” изборил пласман во Првата кошаркарска лига на Македонија.

– Во својата историја, овој клуб даде многу значајни имиња, кои ја афирмираа кошарката, градот Кавадарци и Македонија. Меѓу нив, несомнено се долгогодишниот капитен на македонската кошаркарска репрезентација, и еден од најдобрите македонски кошаркари на сите времиња, Врбица Стефанов, Тодор Гечевски, Горан Самарџиев и Ристе Стефанов, рече Камчевски.

Би можело да ве интересира

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ

Теодосиќ ќе го облече дресот на Црвена звезда

Предраг Петровиќ