Од срце ќе навивам за Македонија, вели прославениот голгетер Предраг Мијатовиќ

Од:

Легендата на црногорскиот и југословенскиот фудбал, Предраг Мијатовиќ, изјави за српските медиуми дека негови омилени репрезентации на ЕУРО2020 се македонската и хрватската.

-Не би рекол дека ќе бидам нечиј навивач, но би сакал Хрватска да го повтори успехот од последното Светско првенство кога беа вицешампиони, а секако со целото свое срце ќе бидам за Македонија, чиј селектор Игор Ангеловски е мој пријател. Исклучително ми е мило што успеа со својот тим да дојде до историски успех, изјави Мијатовиќ за белградскиот весник „Блиц“.

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, со кој во 1998 година ја освои Лигата на шампиони, како главен фаворит за титулата на ЕУРО2020 ја посочи Франција, а во потесниот круг кандидати ги вброи Португалија, Германија, Шпанија и Италија.

Би можело да ве интересира

ЕВРО 2020: Бускетс доби негативен тест на коронавирус и ќе се приклучи на шпанската репрезентација

Ана Ололовска

Финалето на ЕВРО 2020 може да се премести од Лондон во Будимпешта

Ана Ололовска

Македонските фудбалери се селат во Амстердам

Ана Ололовска

Холандија ја совлада Австрија, стана третата репрезентација што се пласира во осминафиналето

Жарко Настоски

Сејдини ги пофали фудбалерите: Покажаа желба за победа

Жарко Настоски

Нашите по поразот од Украина: Во вториот дел се покажа вистинската Македонија, можевме барем до бод

Жарко Настоски