Обрван: Имаме група која можеме да ја минеме

Од:

Машката ракометна репрезентација на Македонија трет ден ги одработува подготовките за претстојните олимписки квалификации што ќе ги игра во Гдањск, Полска. Селекторот Ивица Обрван од повиканите 20 ракометари дури од утре ќе може да смета на сите.

Поради клупски обврски отсуствуваат: Дејан Манасков, Стојанче Стоилов, Велко Маркоски и Никола Митервски, додека поради повредата на прстот отпадна Филип Лазаров.

Присутните ракометари денеска претпладне работеа во две групи во СЦ „Јане Санадснки“ и во фитнес центарот во комплексот.

– Сите знаат што не чека. Ако е напорно за нас да играме во три дена три натпревари напорно е и за нашите ривали. Можеби Тунис е во мала предност бидејќи во првото коло ќе игра против Чиле, а ние со домаќинот Полска. Но, едно е сигурно ќе мора максимално да играме на сите дуели. Имаме група која можеме успешно да ја минеме и да постигнеме успех. Воедно и со тоа да ги израдуваме сите во Македонија и оваа селекција да биде првата која ќе избори настап на Олимписки игри во еден колективен спорт, изјави Обрван.

Репрезентацијата во Скопје ќе тренира до среда вечер, кога е последниот тренинг, а во четврток наутро се заминува за Полска.

Македонија во Гдањск за ривали ги има селекциите на Полска, Тунис и Чиле.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ