Ново откритие за смртта на Марадона: неговиот личен лекар фалсификувал потписи на медицинските досиеја

Од:

Смртта на легендата на фудбалот Диего Армандо Марадона во ноември минатата година доведе до голема истрага која треба да ги утврди околностите во кои починал славниот фудбалер, односно дали има одговорности на лекарите кои се грижеле за неговата состојба.

Во таа насока, откриени се нови детали, кои укажуваат на тоа дека личниот лекар на Марадона, Леополдо Луке, фалсификувал потписи на медицинската документација, па сега се утврдуваат мотивите за неговите постапки.

Наводно тоа го правел за да има пристап до медицинските картони на своите пациенти, пренесуваат странските медиуми.

– Трите списоци беа пронајдени заедно, очигледно е направено многу невнимателно, беше речено од обвинителството по вештачењата.

– Советите на експертите само ги потврдија сомневањата што ги имавме во врска со фалсификување на потписи – рекоа од обвинителството, кое започна истрага откако семејството на славниот фудбалер беше убедено дека животот на Марадона можел да биде спасен ако се реагирало побрзо.

Со новите детали, истрагата сега ќе продолжи во насока да се утврди дали ова дефинитивно била природна смрт на Марадона или дали сепак станува збор за убиство. Прерано е да се каже со какви обвиненија ќе се соочи Луке и дали воопшто ќе биде поднесена кривична пријава против него.

Луке и претходно, се изјасни, кога почнаа да кружат приказни за неговата одговорност за смртта на Марадона.

– Сите ме гледаа, бидејќи знаеја дека јас сум единствената личност што може да извлече нешто од него. Никој друг не се осмели да влезе во неговата соба. Ме игнорираа на состаноците, само требаше да им ја олеснам ситуацијата со моето присуство, рече тој.

Би можело да ве интересира

Дрес на Марадона на аукција – почетна цена 4.000.000 фунти

А1он

Почина братот на Марадона

А1он

Обожавател на Марадона, и третото дете го крсти по својот миленик

Кубанката Алварез сведочеше дека била силувана од Марадона кога имала 16 години

Ана Ололовска

Статуа на Марадона на стадионот во Неапол

А1он

ВИДЕО: Марадона бил во врска со 16-годишно девојче, ја дрогирал и ја чувал заклучена

А1он