Новиот „Рено Меган РС“ ќе има над 300 кс

Од:

„Рено“ потврди дека новиот „Меган РС“ ќе има посилен мотор од било кога досега.

Љубителите на спортскиот хечбек автомобил со нетрпение ја чека „РС“ верзијата на актуелниот „Меган“, што силите ќе ги одмери со моделите како што се „Хонда Цивик Тејп Р“ или „Форд Фокус РС“, со што нивното долгогодишно ривалство ќе навлезе во нова ера.

И додека „Форд“ последната генерација на моделот „Фокус РС“ ја понуди во варијанта со погон на сите четири тркала, „Рено“ и натаму ќе се држи до докажаниот преден погон што во претходната верзија на моделот „Меган РС“ еднаш му ја донесе титулата најбрз автомобил во својата класа на патеката Нирбургринг.

Кога ќе се појави, новиот „Меган РС“ за титулата најбрз модел на познатата германска патека овој пат ќе мора да се бори со моделот на „Фолксваген Голф ГТИ Клубспорт С“, што е актуелен владател на „зелениот пекол“ во Нирбургрин, во својот автомобилски сегмент.

Во новиот јуриш по рекорд на патеката во класата на сериски модели со преден погон „Меган РС“ ќе тргне вооружан со 2.0 турбо бензинец што ќе произведува повеќе од 300 коњски сили. Се верува дека овој мотор ќе развива приближно 320 кс, со колку што располага и новиот „Хонда Цивик Тејп Р“.

Моторот стандардно ќе биде поврзан со шестбрзински мануелен менувач, но „Рено“ како опција ќе понуди и автоматизиран шестсепен менувач со двојно квачило.

Што се однесува до дизајнот, францускиот производител соопшти дека нема да биде премногу „агресивен“, затоа што тоа не се вклопува во нивната естетска филозофија.

Новиот „Меган РС“ премиерата ќе ја има во текот на 2017 година.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска