Новиот „Мерцедес ГЛА“ на пазарот ќе се појави во 2019 година и ќе се темели на новата генерација на А-Класата. Исто така, германската компанија најави лансирање и на уште четири СУВ модели.
„Мерцедес“ планира обнова на своите СУВ понуди со пет нови модели до крајот на оваа деценија, а важен дел од мозаикот ќе биде целосно новиот ГЛА кросовер.
ГЛА ќе остане најмал и најевтин член на СУВ семејството на „Мерцедес“, а иако актуелниот модел беше „испеглан” во јануари, втората генерација е веќе во фаза на развој и тестирање. Дебито се очекува во 2019 година.
Магазинот „Аутоекспрес“ објави фотографии, кои откриваат како ривалот на „Ауди Кју2“ би можел да изгледа. Кога се работи за дизајнот, не треба да се очекуваат радикални промени, но секако ќе изгледа поагресивно. Претходните фотографии открија дека автомобилот ќе има нови ЛЕД фарови и задни светла.
Новост ќе биде и изменетата верзија на МФА платформата, која моментално ја користат А-Класата и ЛГА.
Се работи за МФА2 платформа која на идната генерација на моделот ГЛА ќе му овозможи поголем простор во внатрешноста.
Кога се работи за моторите, се очекуваат истите кои ќе ја покренуваат и следната А-Класа. Тоа значи дека во понуда ќе бидат 2,0-литарски четирицилиндрични турбо дизел мотор.