Новицки: Требаше порано да се пензионирам

Од:

Еден од најдобрите европски кошаркари во историјата, Дирк Новицки, жали што порано не ја завршил својата НБА-кариера. Новицки се пензионираше во 2019 година по 21 сезона во Далас Маверикс во НБА.

Роберт Периш (1976-1997), Кевин Вилис (1984-2005, 2007) и Кевин Гарнет (1995-2016) поминаа исто толку сезони во НБА, а само Винс Картер остана една сезона подолго.

Новицки признава дека годините на кошарка на највисоко ниво му го нарушиле здравјето и дека денес ги чувствува болните последици од долгата кариера.

Здравјето му е нарушено и сигурен е дека сè ќе беше поинаку доколку ја скратеше кариерата, што сега го спречува да живее нормален живот.

Постојано размислувам и мислам дека последните две години во НБА не беа вредни. Да имаше брилијантни моменти, но на тимот не му одеше најдобро, а и реалноста е дека едвај се движев“, вели Новицки.

Со 31.560 поени е шести на листата на најдобри стрелци во најсилната кошаркарска лига.

„Да се пензионирав две години порано, сигурен сум дека сега ќе можев да се движам подобро. Ќе можев понекогаш да играм фудбал со децата. Сега не можам да го правам тоа. Не можам ни да играм тенис затоа што не можам да се движам. Тешко е. Тоа е одличен спорт, се обидувам да го играм два пати неделно, но едвај се движам. Најчесто играм двојки, удирам со форхенд од основната линија и тоа е речиси сè“, додаде НБА-шампионот од 2011 година.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа