Нови позитивни на коронавирус во македонската кошаркарска репрезентација, одложен и мечот со Естонија

Од:

Македонската кошаркарска репрезентација се враќа дома, за Скопје, без да одигра ниту еден од двата предвидени натпревари во „балонот“ во Талин.

– Раководството на нашиот национален тим, и официјално од страна на официјалните лица на ФИБА присутни во Талин е известено дека во овој момент, нашата селекција не е подготвена за натпреварување.

И согласно со тоа, одложен е и вториот натпревар на Македонија на турнирот во Талин, оној кој утре вечер, од 19.30 часот, требаше да го одиграме против домаќинот на овој собир, Естонија.

Како причина, се наведува во соопштението на ФИБА, се наведува зголемениот број на заразени членови на македонската делегација во главниот град на Естонија. И согласно со протоколот за Ковид-19 на ФИБА, во наредниот период ќе биде одлучено кога ќе се одиграат одложените натпревари, соопшти КФСМ.

Многу е веројатно дека мечевите со Италија и со Естонија ќе бидат презакажани за следниот квалификациски „прозорец“ на ФИБА, во февруари, 2022 година.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска