Нови навивачки инциденти во францускиот фудбал

Од:

Најмалку 16 лица се повредени во нов бран пресметки меѓу навивачи групи на француски прволигашки екипи, соопшти денеска полицијата, известувајќи за два одвоени инциденти што се случиле во средата вечер.

Како што соопшти локалната полиција, група од 50 навивачи на Монпеље на излез од автопат нападнала автобус со приврзаници на гостинскиот клуб Бордо и притоа 16 лица морале да побараат лекарска помош.

Инцидент во средата се случи и на натпреварот меѓу домашниот тим Анжер и Марсеј. Гостинските навивачи го напуштија својот сектор на трибините и се судрија со навивачите на домашниот тим, a полицијата соопшти дека за среќа инцидентот минал без посериозни последици.

Француското фудбалско првенство сезонава веќе го потресоа неколку навивачки инциденти, од кои најголемиот се случи на 18 овој месец на натпреварот меѓу Ленс и Лил, кога во пресметка меѓу навивачките групи беа повредени десетина луѓе.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано