Новата „Мазда ЦХ-5“ ќе дебитира во Европа

Од:

Втората генерација на СУВ моделот „Мазда ЦХ-5“, со што почна ерата на „Кодо“ дизајнот на овој производител, европската премиера ќе ја има на претстојниот авто – салон во Женева.

Новиот „ЦХ-5“, првпат се појави во јавноста на саемот на автомобили во Лос Анџелес во ноември 2016 година, а четири месеци подоцна ќе има можност да го види и европската публика.

„Мазда“ не сакаше да се успие и да дозволи дизјанот на првиот модел „ЦХ-5“ прерано да застари, па по само пет години од лансирањето на првата генерација го претстави и неговиот наследник. Сочуван е основниот стилски концепт, но СУВ-от е забележително модернизиран, според угледот на моделите „ЦХ-3“ и „ЦХ-9“ (што не се достапни во Европа).

Значајно е изменета и внатрешноста на моделот. Покрај редизајнираниот волан и новата инструмент табла, во целост е редифинирана формата и положбата на екранот на мултимедијалниот систем, што сега е поместен кон врвот на централната конзола, исто како кај остантите нови модели на „Мазда“.

Нови се и вентилациските отвори и другите команди во кабината, а дури кога ќе се споредат фотографиите на стариот и новиот ентериер, се гледа колку се големи разликите меѓу две генерации на „ЦХ-5“.

По женевската премиера, новиот модел во продажните салони во Европа ќе пристигне ова лето, но засега не е познато кои мотори ќе бидат во понудата на Стариот континент.

При претставувањето во Лос Анџелес, „Мазда“ се најави дека независно од пазарот, палетата на погонски единици ќе ја сочинуваат 2.2-литарски Skyactiv-D дизелаш, како и 2.0 и 2.5 Skyactiv-G бензинци.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска