Нова проверка за македонските кошаркари

Од:

Македонската кошаркарска репрезентација ги продолжува контролните натпревари во рамките на подготовките за претстојното Европско првенство. Попладнево (почеток во 16 часот) во малата сала во СЦ „Јане Сандански“ противник ќе биде селекцијата на Израел. Со оваа селекција Македонија веќе одигра еден натпревар во петокот во Охрид и оствари победа од 75:58.

Влезниците за дуелот се по цена од 100 денари и може да се набават преку продажната мрежа на „МК Тикетс“, на билетарата во салата, но и на бензиснките пумпи на Окта, каде ќе може да се купат алки, со кои ќе бидете дел од кампањата „Шанса за живот“. Секој што ќе донира и ќе ја покаже алката на влезот на салата, ќе има можност бесплатно да го проследи пријателскиот натпревар Македонија – Израел.

Серијата контролни дуели нашата најдобра селекција ја продолжува во петок кога во Гевгелија ќе гостува селекцијата на Венецуела.

Би можело да ве интересира

Антиќ избра 25 кошаркари за подготовките за јуниорското ЕП во Софија

Ана Ололовска

Слободен влез за навивачите за завршницата на македонскиот кошаркарски Куп

Ана Ололовска

Завршницата на македонскиот кошаркарски Куп почнува в четврток

Во нова драма, Македонија со тесна победа над Словачка!

Горан Наумовски

Феникс 2010 ја прекинаа серијата победи на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Кошаркарите на Бадел 1962 испишаа клупска историја во Јадранската лига

А1он