Нов мандат за Илчо Ѓорѓиоски

Од:

Актуелниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија Илчо Ѓорѓиоски денеска на Изборното собрание во Охрид доби нов четиригодишен мандат.

Да продолжи да ја води ФФМ, Ѓорѓиоски доби едногласна поддршка од сите присутни 91 делегат без ниту еден глас против или воздржан.

Ѓорѓиоски на чело на ФФМ дојде минатата година преку Вонредно собрание на местото на Хари Хаџи-Ристески.

Од доаѓањето на раководната функција на поранешниот тренер на Вардар, федерацијата почна да ги намалува долговите, а најави нова напорна работа и довршување на голем број проекти за стабилизирање и напредок на македонскиот фудбал.

Би можело да ве интересира

Седум клубови во македонскиот фудбал под истрага за местење на натпревари

Орце Костов

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска