Норвич го победи шампионот на Англија

Од:

– Норвич го шокираше шампионот Манчестер Сити и забележа сензационална победа од 3:2 на нивниот „Кероу Роуд“ во натпревар од 5. коло во Премиер лигата.

Гостите беа катастрофални во одбраната и логично екипата на Пеп Гвардиола дозволи три гола.

Меклин и Кантвел им дадоа предност на домашните од два гола, откако беа прецизни во 18-тата и 28-та минута, но Сити успеа да намали со голот на Агуеро уште на самиот крај на првото полувреме.

Сепак, Пуки ја врати предноста од два гола на „канаринците“ во 50-тата минута, но Родри со гол во 89-тата минута им даде надеж на навивачите на граѓаните дека можат да извлечат бод овва гостување, но домашните издржаа до крајот и забележаа голем триумф.

Тоа е прв пораз на Сити во сезоната, а тимот е втор со 10 поени, додека Норвич е на 12-тата позиција со 6.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска