Ноер: Свесни сме за сериозноста на ситуацијата и сакаме да се вратиме на победничката патека

Од:

Голманот на Баерн Минхен, Мануел Ноер, по поразот од Борусија Менхенгладбах во натпреварот од 7-миот круг на шампионатот во Германија (3:0), рече дека тимот ја сфаќа сериозноста на ситуацијата.

Баварците претрпеа втор пораз по ред и паднаа на 6. место на табелата.

-Ние знаеме како се развива ситуацијата и ние сме свесни за сериозноста на ситуацијата. Но, со нетрпение очекуваме и сакаме да се вратиме на победничката патека, вели Ноер.

Во последните четири натпревари, Баерн нема ниту една победа. Одигра нерешено со Аугсбург и Ајакс, а загуби од Херта и Борусија Менхенгладбах.

Би можело да ве интересира

Бизарна причина го кочи големиот трансфер

Предраг Петровиќ

Баерн казнет со 200.000 евра поради непочитување на прописите за минимална плата

Горан Наумовски

Садио Мане удри соиграч по поразот од Манчестер Сити

Баерн е на врвот, но „милионерите“ се само три чекори назад

УЕФА ги казни Баерн и Селтик

Матијс Тел влезе во историјата, а Штутгарт освои бод против Баерн