Ноер бара договор со Баерн до 2025 година кога тој ќе има 39 години

Од:

Голманот на Баерн, Мануел Ноер не може да најде заеднички јазик со раководството на клубот од Минхен за да го обнови договорот. Според „Билд“, претходната рунда преговори помеѓу Баерн и 34-годишниот голман беше неуспешна.

Ноер бара договор до 2025 година кога ќе има 39 години, додека Баерн му предлага да го продолжи договорот до 2023 година.

Во исто време, проблем за Баерн е што голманот Александар Нјубел кој дојде од Шалке, ќе го помине целиот мандат на неговиот договор на клупата.

Интерес за Ноер има и во премиерлигашки екипи, најсериозно е заинтересиран Челзи.

Оваа сезона репрезентативниот голман на Баварците настапи на 25 натпревари во Бундеслигата.

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска