Њујоршкиот маратон откажан поради пандемијата

Од:

Маратонот во Њујорк, кој требаше да се одржи на 1 ноември, беше откажан поради пандемијата од коронавирус, објавено е денеска.

Организаторите, здружението „New York Road Runners“ (NYRR), заедно со кабинетот на градоначалникот, соопштија дека решението за откажување на најголемиот маратон во светот е поради кризата со коронавирусот и загриженоста за здравјето и безбедноста на сите учесници, гледачи, волонтери и персонал.

„Откажувањето на годинашниот маратон беше неверојатно разочарувачка за сите вклучени, но неизбежна одлука од гледна точка на здравјето и безбедноста, рече извршниот директор на „NYRR““ Мајкл Капирацо во изјавата.

Трката, која се движеше низ сите пет окрузи во градот и имаше 53.640 учесници во 2019 година, е третата од шесте големи светски маратонски трки планирани за годинава која се откажува поради пандемијата. Бостонскиот маратон, кој беше закажан за април, а подоцна одложен за септември, на крајот беше откажан за првпат во својата 124-годишна историја.

Токискиот маратон се одржа на 1 март само во присуство на елитни маратонци, лондонскиот маратон беше одложен за 4 октомври од 26 април, а организаторите на трката во Берлин исто така го откажаа маратонот. Организаторите на маратонот во Чикаго досега не објавија никакви измени на закажаната трка во октомври.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Њујорк; Пристигна итно известување

Предраг Петровиќ

Градоначалникот на Њујорк обвинет за сексуален напад

ВИДЕО: Еден мртов и петмина ранети во метро во Њујорк, се истепаа тинејџери

Загина светскиот рекордер Келвин Киптум

Во Њујорк: Десет вагони на товарен воз излетаа од шините

Трамп во судница во Њујорк: Имаме ситуација каде што сум невин, судијата не ме слуша зошто му е досадно

А1он