Њујорк поуспешен од Кливленд

Од:

Во еден од петте натпревари одиграни ноќеска во НБА лигата Њујорк забележа победа на гостувањето кај Кливленд со 95:90. Ова воедно беше и прв натпревар за Кливленд и за повратникот во тимот Леброн Џејмс.

И покрај засилувањата Џејмс и Кевин Лов, Кливленд не успеа да дојде до победата. Најефикасен на натпреварот беше Кармело Ентони со 25 поени, додека кај Кливленд Кајри Ирвинг постигна 22, Џејмс 17, а Лов 19 и имаше 14 скокови.

Победа постигна и екипата на ЛА Клиперс која со 93:90 ја совлада Оклахома Сити. Кај гостите поради повреда во составот не е Кевин Дјурант, а во вториот период се повреди Расел Вестрбрук, кој има мала скршеница на десната рака. За тежината на повредата ќе се знае по денешните дополнителни медицински прегледи. Крис Пол со 22 поена беше најпрецизен кај победникот, а Пери Џонс реализираше рекордни за него 32 поена за Оклахома Сити.

На другите три натпревари: Орландо – Вашингтон 98:105, Минесота – Детроит 97:91 и Далас – Јута 120:102.

Вечерва се играат шест натпревари: Индијана – Мемфис, Чикаго – Кливленд, Милвоки – Филаделфија, Феникс – Сан Антонио, Сакраменто – Портланд и ЛА Лејкерс – ЛА Клиперс. 

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on