Њујорк единствена екипа без пораз

Од:

Њујорк Никс остана единствената непоразена екипа во НБА лигата откако славеше на свој терен против Далас со 104-94, додека ЛА Лејкерс беше убедлив против Голден Стејт победувајќи со 101-77.

Никс ги изненадуваат сите на стартот од новата сезона, па по победата над Далас сега имаат скор од 4-0, нешто што не им се случило од сезоната 1993/94 кога почнаа со 7-0 а потоа стигнаа до финалето. Кармело Ентони реализираше 31 поен и седум скока, а повторно одличен беше и Џеј Ар Смир со 22 поени. Екипата од Тексас повторно играше без повредениот Дирк Новицки, а најдобар во нивните редови беше Мејо со 23 поени, но и дури осум загубени топки.

До победа конечно стигнаа и Лејкерси кој неколку часа пред мечот останаа без тренерот откако Мајк Браун доби отказ. Домашниот тим ги доби сите четвртини против Голден Стејт и на крајот славеше со 27 поени, девет скока и седум асистенции на Коби Брајант. Микс и Гасол уфрлија по 14 поени, а шпанскиот центар покрај тоа имаше и 16 скока. Во составот на Голден Стејт Стивен Кари постигна 18 поени.

Би можело да ве интересира

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа