Нишикори експресно го доби мечот со Вавринка

Од:

Јапонецот Кеи Нишикори со победа го започна последниот АТП турнир за оваа сезона.

На завршницата на АТП Мартерс серијата која се одржува во „О2“ арената во Лондон, Нишикори во два сета го победи Швајцарецот, Станислас Вавринка.

Јапонецот одлично го отвори мечот и уште во петиот гем направи „брејк“ за водство од 3-2. До крајот на сетот Нишикори уште еднаш успеа да освои гем на сервис на противникот, па првиот сет го доби со 6:2.

Речиси идентично се одвиваше и продолжението на мечот односно вториот сет, во кој Вавринка на противникот му дозволи два „брејка„ па Нишикори го доби и вториот сет, но овојпат со 6:3.

Ова беше првиот меч од групата „Цон МекЕнро“ во која вечерва од 21 часот, својот прв настап ќе го имаат и домашниот фаворит и светски рекет број 1, Енди Мареј и Марин Чилиќ од Хрватска.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен