Нико Розберг нов шампион во Формула 1

Од:

Германецот Нико Розберг е новиот шампион во Формула 1. Тој е вкупно 33.ти првак во овој спорт. Розберг (возач на Мерцедес) на последната трка што се возеше на патеката „Јас Марина“ го издржа притисокот од страна на Луис Хамилтон и го освои второто место што му беше доволно за да ја освои титулата.

Нико Розберг постигна девет победи во 2016 година.

На последната трка победи Луис Хамилтон (Мерцедес), пред Розберг, додека на третото место заврши возачот на Ферари Себастијан Фетел.

Во последните кругови Хамилтон ја „забавуваше“ трка со цел конкурентите на Розберг за второто место да го минат, но Розберг успеа да го задржи второто место кое го имаше од стартот на трката.

Нико Розберг стана трет Германец со титулата светски првак, по Михаел Шумахер и Себастијан Фетел. Шампионска титула има освоено и неговиот татко Кеке, но како Финец. Две титули има и семејството Хил, Британците Греем и Дејмон.

Генерален пласман: Нико Розберг 385 бодови, Луис Хамилтон 380, Даниел Рикардо 256, Себастијан Фетел 212, Макс Верстапен 204,..
Пласман на конструктори: Мерцедес 765, Ред Бул 468, Ферари 398,…

Следната сезона во Ф1 шампионатот ќе почне на 26.март со трката во Мелбурн за Големата награда на Австралија.

Би можело да ве интересира

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин

Ферстапен далеку пред конкурентите според заработката за минатата Ф1 сезона