Нестварна партија на Ивица Зубац – Хрватот влезе во историјата на НБА лигата

Од:

Ивица Зубац, центарот на ЛА Клиперс ја обележа изминатата ноќ во НБА лигата. Хрватскиот репрезентативец, забележа нестварен дабл-дабл од 31 поен и 29 скока. Клиперси со 114:110 славеа против Индијана Пејсерс.

Ова е трет пат од сезоната 1973/1974 година еден играч да има 31 поен, 29 скока и 3 блокади, а прв по 1978 година и Карим Абдул-Џабар.

По мечот, на прес конференцијата, Зубац се појави облечен во дрес на Хрватска. На новинарите им изјави дека бил инспириран од победата на фудбалерите 4:1, против Канада на Мундијалот во Катар.

Во 12. победа на Клиперси, најдобро го следеа Ник Пауел со 19, Теренс Ман со 14 и Маркус Морис со 13 поени.

Џејлен Смит беше најефикасен во редовите на Пејсерси со 23 поени и 9 скока.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа

Лејкерси го „прегазија“ ривалот, тргнаа по титулата

Предраг Петровиќ