Несторовски ги уништи надежите на Рома за пласман во ЛШ

Од:

Рома загуби од Удинезе со 0:2 како домаќини во 29-то коло од Серија „А“ синоќа а поразот на „волчицата“ практично значи крај на нивните соништа за место во топ 4 и пласман за Лигата на шампионите следната сезона.

Во 12. минута Кевин Лазања успеа да го доведе својот тим предност на „Олимпико“. Половина час подоцна, играчот на Рома, Диего Пероти беше испратен со директен црвен картон за фаул над противничкиот играч.

Дванаесет минути пред крајот на регуларното време Удинезе стигна до вториот гол преку нашиот Илија Несторовски.

Така, Удинезе се искачи на 14-тата позиција во Серија „А“ со 31 поен – шест бода над зоната за испаѓање.

Рома, од друга страна, останува на петтото место со 48 бода – 12 зад четвртата Аталанта, која го доби својот натпревар од рундата.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски