Нема шанси Роналдо да се врати во Реал

Од:

Кристијано Роналдо нема да се врати во Реал Мадрид, објави „АС“. Роналдо минатата недела го раскина договорот со Манчестер Јунајтед и сега е слободен играч во потрага по нов клуб.

„Враќањето на Роналдо не е на дневен ред, во клубот воопшто не размислуваат на таа тема. Реал не уверува дека треба да уживаме во спомените од периодот на Роналдо и дека неговото доаѓање не би имало смисла во спортски проект“, пишува „АС“.

Роналдо беше поврзуван со Реал, клубот за кој настапуваше од 2009 до 2018 година и постигна 450 гола, откако Карим Бензема се повреди, но францускиот напаѓач би требало да биде подготвен за вториот дел од сезоната. Роналдо би можел да ја продолжи кариерата во Њукасл, а сериозен интерес покажува и Интер Мајами.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Џорџина направи скандал: сопругата на Роналдo мора да плати казна

Предраг Петровиќ

Роналдо се изнапромашува, па го заби првиот гол за Ал-Наср од пенал

Горан Наумовски

Се знае колку Роналдо ќе заработува секоја секунда, минута, ден

Ал-Наср веќе закажале лекарски прегледи за Роналдо!

Ердоган: Роналдо ги поддржува Палестинците, поради тоа беше под политички санкции

Без емоции Јунајтед се прости со Роналдо