Некогашен играч на МЗТ, се враќа во шпанската прва лига

Од:

Даниел Кларк потпиша двомесечен договор со шпанскиот кошаркарски прволигаш Морабанк Андора. За Кларк ова е враќање во клубот во кој играше заедно со Војдан Стојановски пред да дојде во МЗТ.

Британецот, кој во дел од сезоната 2016/2017 настапуваше за МЗТ Скопје Аеродром, по заминувањето од македонскиот првак, во кој не се прослави и само повремено покажуваше квалитет, без проблеми си наоѓа ангажман во една од двете најсилни лиги во Европа, шпанската АЦБ лига.

После МЗТ, високиот 31-годишен шутер кој не игра добро во одбрана, играше за шпанските прволигаши Мурсија, Гипускоа и Фуенлабрада, а сега се договори со Андора.

Би можело да ве интересира

МЗТ ќе се жали на ригорозната казна од АБА-лигата

Ана Ололовска

АБА 2 лига: Сплит му нанесе петти пораз на МЗТ Скопје во сезоната

Ана Ололовска

МЗТ Скопје казнет од АБА со 15 илјади евра и еден меч без публика

Ана Ололовска

Кочов: Пред сезоната Сплит беше мој фаворит за највисок пласман

Ана Ололовска

АБА 2: МЗТ Скопје ја реши Сутјеска

А1он

МЗТ Скопје немоќен во Чачак

Ана Ололовска