Бразилскиот интернационалец Нејмар изјави дека во Барселона не дошол поради пари, туку за предизвикот кој го нуди каталонскиот клуб.
– На „Камп Ноу“ не сум само заради парите. Сакав да го исполнам мојот сон да заиграм во силните натпреварувања како што се Лигата на шампионите и Шпанското фудбалско првенство. Сакам низ овие натпреварувања да растам и да созревам и како фудбалер и како личност, да научам друг јазик. Сето тоа беше мотив да дојдам во Европа, истакна Нејмар.
Бразилецот сезонава одигра 40 натпревари за каталонскиот клуб и постигна 15 голови, задоволен од неговото издание, како и од клубот, но рече дека сигурно кариерата ќе ја заврши во Бразил .
– Иако е се уште рано да размислувам околу завршувањето на кариерата, сигурен сум дека тоа нема да биде во Европа, туку во некој клуб во татковината, вели Најмар.