Нејмар тренира со ПСЖ, но повторно нема да биде во групата

Од:

Најскапиот фудбалер на светот, Нејмар, нема да игра за Пари Сен Жермен против Рен во натпревар од француската Лига 1, иако веќе тренира со соиграчите. Ова го призна тренерот Томас Тухел.

– Тој не го доврши денешниот тренинг со екипата. Премногу е рано за него. Ќе почекаме уште една недела пред тој целосно да започне да тренира со тимот. Кога размислувам за силен тим, тоа е со Нејмар во почетниот состав. Ништо не е променето, тој сè уште има три години од договорот со клубот. Трансфер прозорецот се затвора за еден месец. Засега тој е мој играч, рече Тухел.

Вистинска трансфер сага се оформи околу Бразилецот. Тој сака да го напушти „Парк де пренс“, а фаворити за неговиот потпис се Барселона и Реал Мадрид.

Сепак, Каталонците имаат поголема предност и се очекува работите да се развијат следната недела.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски

Во Франција тврдат дека Зидан на лето ќе застане на чело на ПСЖ

Ана Ололовска

Гризман му даде поддршка на Умтити: Без него немаше да го освоиме СП, тој е примерен професионалец

Ана Ололовска