Нејмар склон да потпише нов договор со ПСЖ

Од:

Откако Нејмар даде се од себе за да го напушти Пари Сен Жермен летово за трансфер во Барселона, тој сега има шанса да потпише нов договор со францускиот клуб. Ова стана јасно од зборовите на една личност во неговата околина, цитиран од „Паризиен“. Бразилецот има договор до 2022 година.

dobivaj vesti na viber

– Ако клубот (ПСЖ) сака да зборува, тогаш ние сме подготвени да слушнеме што имаат да кажат. Минатата пролет, Неј беше многу блиску до потпишување на нов договор, откако клубот ја презеде иницијативата. Ако навистина сакаат да разговараат за работите, треба да дојдат кај нас. Нејмар е среќен, на начин како што долго време не бил. Нов договор е можен доколку ПСЖ постигне добри резултати и најмногу од се – победи. Нејмар секогаш сака да биде на победничката страна, прокоментира близок до Јужноамериканецот.

Парижани се лидери во Лига 1 и се наоѓаат во осминафиналето во Лигата на шампионите, каде ќе спорат со Борусија Дортмунд.

Би можело да ве интересира

Капитенот на Аталанта му се извини на Кулибали за расистичките навреди од фановите

А1он

ВИДЕО: Еуфорија во центарот на Скопје за победата на Македонија

Ландов

ВИДЕО: Хаос во Црна Гора, хулигани прекинаа фудбалски натпревар

Катерина Павлова-Николовска

Осум странци го напуштија Краснодар

А1он

Вороњин ја напушти Динамо Москва и го нарече Путин „кучкин син“

А1он

„Гол“ ги избра најдобрите за 2021

Ана Ололовска