Нејмар се обврза на верност во ПСЖ, ќе потпише договор за уште четири години

Од:

Напаѓачот на Пари Сен-Жермен (ПСЖ) Нејмар постигна договор со раководството на клубот од Париз за продолжување на соработката за уште четири години, јавија денеска француските и бразилските медиуми.

Францускиот „МЦ Спорт“, повикувајќи се на добро информирани извори во Бразил, објави дека новиот четиригодишен договор најверојатно ќе биде потпишан до крајот на оваа недела.

Нејмар дојде во редовите на актуелниот француски првак во 2017 година од Барселона за рекорден трансфер од 222 милиони евра.

Бразилскиот репрезентативец досега за ПСЖ одигра 101 натпревари на кои постигна 82 голови, освојувајќи вкупно девет трофеи.

Би можело да ве интересира

Нејмар нападнат од навивачите поради неговиот изглед, по повеќемесечна пауза се врати на терените

Обид да му го киднапираат новороденчето на Нејмар, вооружени напаѓачи ги врзале родителите на неговата поранешна девојка

Пристигна пред само два месеци и не сака повеќе да игра за ПСЖ

Нејмар пристигна, принцот му испрати авион со златен трон

Предраг Петровиќ

Нејмар доби 320 милиони евра, заминува од ПСЖ

Предраг Петровиќ

Мбапе се врати во првиот тим на ПСЖ