Нејмар постави услови пред Реал и Барселона

Од:

Реал Мадрид и Барселона продолжуваат да водат ладна војна околу потписот на Нејмар. И покрај сите шпекулации околу него, сепак ниту еден тим не е близу до договор со Бразилецот.

Преговарањето со Пари Сен Жермен не е лесно, но ни желбите на Бразилецот нема да бидат лесни за задоволување. Според шпански „Југонес“, фудбалерот веќе ги поставил своите услови и тие се високи дури и за колоси како Барса и Реал.

Покрај договор од 5 години, Бразилецот сака да добие плата од 35 милиони евра по сезона. Не е јасно како ќе реагираат во соблекувалната на Реал за таква плата, но според објавата, тоа нема да претставува проблем. А, причината е што од „Сантијаго Бернабеу“ се свесни дека sвезда од калибарот на Нејмар е нормално да бара ваква сума.

Ова значи дека било кој да ги прифати барањата на Нејмар, цената на операцијата ќе скокне на 175 милиони евра – заедно со платите, плус парите што ќе му се исплатат на ПСЖ за да се комплетира трансферот. Тоа би било огромна сума што може да има големо влијание врз идната трансферна активност на клубот, кој што ќе го привлече.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска